Борусија Дортмунд неколку месеци ќе биде без дефанзивецот Никлас Зиле (29), кој во саботата го повреди скочниот зглоб на мечот со Борусија Менхенгладбах (1:1) во Бундеслигата, изјави тренерот Нури Шахин во пресрет на натпреварот од Лигата на шампиони (ЛШ) против Барселона.
На 30 ноември, Зиле се врати по повредата на зглобот на натпреварот против Баерн Минхен, но во саботата ја обнови повредата.
– Вестите не се добри, за жал. Тој ќе паузира неколку месеци. Има посериозна повреда, изјави Шахин на прес-конференцијата пред дуелот со Барса, додавајќи: “Не е добро да се обнови старата повреда. Не сме среќни, не ни беше потребно такво нешто”.
Борусија која е на шестото место во Бундеслигата, со месеци се мачи со повреди на играчите, а во еден момент беше и без дури 10 играчи!
Зиле сезонава забележа 10 настапи, а за Борусија има одиграно вкупно 82 натпревари. Претходно во кариерата играше за Баерн и за Хофенхајм.
Борусија и Барселона имаат по 12 бодови и се на третото, односно на четвртото место во на табелата во ЛШ.