Фудбалерите на Милан на натпреварот против Каљари во саботата, на дресовите имаа поинакви презимиња, а откриена е и причината за тоа.
На дресот на Жиру наместо неговото презиме, стоеше „Вивиене“, а различни имиња или презимиња стоеја и на другите дресови на играчите на Милан.
Набрзо стигна објаснување зошто е тоа така. Причина за овој потег е одбележувањето на „денот на мајкаа“.
Овој потег на „Росонерите“ ја воодушеви јавноста ширум светот, затоа што успеаја да ја заинтригираат публиката која се прашуваше што значат овие различни презимиња.
To celebrate Mother’s Day, AC Milan players are displaying their mothers’ surnames on the back of their shirts against Cagliari 🫶
📺 @tntsports & @discoveryplusUK pic.twitter.com/0oyvQz9HQP
— Football on TNT Sports (@footballontnt) May 11, 2024