ЗОИ 2026: Клебо се пожали на слаб интернет во Олимпиското село

Норвешкиот скијач Јоханес Клебо пријави проблем со интернет конекцијата во Олимпиското село во Италија.

– Имаме проблеми со интернетот. Првата соба имаше слаб интернет, па ја зедов собата на Арилд Монсен. На крајот, интернетот беше навистина лош вчера. Сега ги натеравме Италијанците да работат, и ќе видиме дали некој ќе дојде и ќе го поправи, изјави Клебо за „Nettavisen“.

Дваесет и деветгодишниот Норвежанец е петкратен олимписки шампион, 15-кратен светски шампион и петкратен победник на Светскиот куп во крос-кантри скијање.

Зимските олимписки игри во Италија започнаа на 6 февруари и ќе траат до 22 февруари.

Фото: ЕПА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО