Во драматично финале и по продолжение репрезентацијата на САД го освои златниот медал на Игрите со победата над Канада со 2:1. Ова е трет златен медал за Американките, кои во Пекинг беа поразени од Канада во финалниот дуел.
Во финалето Канада имаше водство од 1:0, а Американките изедначија на 1 минута и четири секунди, додека во продолжението во 65 минута Меган Келер го постигна голот за златен медал.
Во дуелот за бронзата исто така победникот беше решен по продолжение, а Швајцарија со 2:1 ја совлада Шведска.
Фото: миа
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: