Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ успешно е опериран во една од болниците во Загреб. На Далиќ му е извршена рутинска операција на колкот, па по неколку дневен престој во болницата ќе биде пуштен на домашно лекување.
Се очекува Далиќ да биде максимално здрав и подготвен до март кога неговата селекција ќе игра во Лигата на Нации против селекцијата на Франција.
Инаку Далиќ е убедливо најуспешниот селектор во историјата на Хрватска. Со него “коцкестите“ на последните две Светски првенства, во Русија 2018 и Катар 2022 беа втори и трети.