Златан се збогува со Шведска: Ми се смееја кога реков дека ќе бидам најдобар!

Србија викендов ја победи Шведска со 3:0 во Стокхолм, во вториот подготвителен натпревар за Европското првенство (ЕП).

Избраниците на Драган Стојковиќ поведоа во 18. минута со голот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, на асистенција на Андрија Живковиќ. Вториот гол го постигна Александар Митровиќ во 60. минута по асистенција на Филип Младеновиќ, а капитенот Душан Тадиќ 10 минути подоцна зголеми на конечни, 3:0 на додавање од Филип Костиќ.

Србија се врати во формацијата 3-5-2, а головите дојдоа по добрите асистенции од страничните позиции. Србите претходно загубија од Австрија со 1:2, а Стојковиќ на тој натпревар ја тестираше одбраната со четворица играчи што се покажа како неуспешен експеримент.

Сепак, мечот во Стокхолм беше на втор план бидејќи од репрезентацијата официјално се прости Златан Ибрахимовиќ, најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, кој минатото лето ја заврши играчката кариера.

Додека Србите постигнуваа голови, домашните навивачи, околу 45.000, му скандираа на Златан, и на трибините истакнаа транспарент со натпис „Благодариме за се’“. Кога легендарниот фудбалер со босанско-хрватски корени излезе на теренот, беше очигледно дека е трогнат: „Гледам дека ви недостигам, и вие мене ми недостигате…“.

Златан одржа двеминутен говор во кој, на свој самоуверен начин. заклучи: „Кога пред 25 години реков дека ќе биди најдобар, луѓето ми се смееја. Сега по 25 години можам да стојам овде и да кажам дека сум најдобар“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО