Алесија Русо го постигна единствениот гол на дерби натпреварот Арсенал – Тотенхем (1:0) во женската фудбалска Супер лига на Англија, на распродадениот стадион „Емирати“ во Лондон.
Официјалната посетеност од 60.050 гледачи е втора најголема во историјата на Лигата. Рекордните 60.160 навивачи на „Емирати“ беа присутни на победата на Арсенал над Манчестер јунајтед, на 17 февруари годинава.
Претходно на уште два првенствени меча сезонава, Арсенал играше на преполниот „Емирати“. Против Челси, во декември (пред 59.042) и против Ливерпул во октомври (54.115 гледачи).
Со оваа победа Арсенал се зацврсти на третата позиција натабелата со 34 бода, три помалку од водечкиот тандем, Манчестер сити и Челси.