Жељко Обрадовиќ во јуни ќе реши дали ќе стави крај на богатата тренерска кариера

По заминувањето од Партизан, Жељко Обрадовиќ ретко се појавува во јавноста, а сега најави дека одлуката за својата иднина ќе ја донесе во јуни.

Трофејниот стратег истакна дека е задоволен од својата 35-годишна кариера и дека моментално е на пауза.

„Во јуни ќе одлучам дали ќе продолжам со тренерска работа. Ако работам, тоа значи дека сум нашол мотивација“, изјави Обрадовиќ.

Тој не откри дали има понуди ниту каде би можел да ја продолжи кариерата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО