Заврши сезоната за поранешната олимписка шампионка

Италијанската скијачка Софија Гоџа сериозно ги повреди тибијата и метатарзалната коска при пад за време на тренинг на падините на Понте ди Лења во провинцијата Бреша.

Поранешната олимписка шампионка веднаш била пренесена со хеликоптер во Милано на подетални тестови, а според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, скршеницата на ногата е потврдена и Гоџа ќе биде оперирана попладне.

31-годишната скијачка е лидер во Светскиот куп во спуст, додека во генералниот пласман на Светскиот куп е на петтото место. Нејзината кариера е обележана со бројни сериозни повреди, вклучително и повреда на десното колено поради која го пропушти Светското првенство во 2021 година во Кортина д’Ампецо.

Така, Гоџа стана само едно од низата големи имиња во алпското скијање кои оваа сезона доживеаја сериозни повреде.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО