„Затвор? Јас ја платив казната“

Италијанскиот стручњак и тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека е невин и веќе платил казна за затајување данок.

Шпанското обвинителство во Мадрид, во средата побара затворска казна од четири години и девет месеци за тренерот на Реал поради затајување данок.

Шпанските медиуми пренесуваат дека италијанскиот тренер е обвинет за проневера на 1.062.079 евра во текот на фискалната 2014 и 2015 година. Тој се товари за две даночни кривични дела.

„Затвор? Тоа е стара приказна, а започна пред осум години. Обвинителството мислеше дека живеам таму, што не беше точно. Веќе ја платив казната, јас сум невин”, изјави Анчелоти за шпанските медиуми.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО