Манчестер јунајтед загуби и третпат по ред откако беше поразен на гостувањето кај Вулверхемптон, 0:2. Можеби мечот ќе имаше поинаков тек доколку Бруно Фернандеш не беше исклучен во 47-та минута, откако добии втор жолт картон.
Голот за водство на Волците беше вистинско ремек-дело откако Матеус Куња, погоди директно од корнер во 58-та минута.
Печат на победата стави корејскиот интернационалец Хванг, кој во 99-тата минута знаеше како да ја реализира школската контра на неговата екипа.
Манчестер јунајтед со овој пораз останува на 14-та позиција на табелата со 22 бода, додека Вулвехемптон ја напушти опасната зона и сега е на 17-то место со 15 поени.