Српскиот претседател Александар Вучиќ ги критикуваше најголемите клубови во Србија, Црвена Звезда и Партизан кои секоја година добиваат многу пари од државниот буџет.
Вучиќ им порача на српските гиганти дека мора да се приватизираат затоа што ја „рекетираат“ државата.
„Нашиот најголем проблем е што не можете да ги приватизирате клубовите, никој не сака да вложува пари таму каде што навивачите и раководството на клубот го имаат главниот збор. Ние сме им спонзори и тоа е рекет кој Партизан и Црвена Звезда го земаат од државата. Здрав систем ќе има тогаш кога ќе имаме приватни сопственици на овие клубови. Видете ги Чукарички, ТСЦ, Мега…тие ништо не добиваат од државата“, кажа Вучиќ.