Фудбалерот, Оли Воткинс, кој ја однесе Англија во финалето на Европското првенство откако погоди во самиот финиш на дуелот со Холандија, вели дека Шпанија покажала најмногу на тековниот собир.
– Шпанија имаше потежок пат од нас. Мислам дека тие се најдобриот тим на турнирот. Нивните крилни играчи се многу динамични, млади и полни со самодоверба – вели Воткинс.
-Нема значење како ќе победиш. Ние имаме цели. Ќе биде возбудливо финале – изјави играчот на „трите лава“ пред неделното финале на Европското првенство.