Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, верува дека тимот испорача многу добри перформанси на Големата награда на Австралија, но според него битката со Ферари беше исклучително напната.
Волф е уверен дека соперништвото со Скудерија ќе продолжи.
– Во врска со ривалството со Ферари, пред трката луѓето велеа: „Мерцедес само ќе тргне напред и ќе исчезне од вид ја видовме вашата брзина на долги растојанија.“ Но, тоа не беше случај. Знаевме дека нашите ривали од Ферари се многу силни на почетокот, и токму тоа се случи. И на почетокот, видовме жестока битка помеѓу Џорџ Расел и Шарл Леклер. Во еден момент, Џорџ се бореше со двајца возачи на Ферари одеднаш, но потоа Кими Антонели ги стигна. Значи, за мене лично, преовладувачкото чувство во моментов е дека нè очекува многу интензивна битка со Ферари.
Главната загриженост беше дека трката можеби нема да биде особено возбудлива во однос на борбата на патеката, но новите режими на забрзување и престигнување ја направија доста интересна – и тоа на патека каде што е особено тешко да се наполни батеријата на средина од кругот. Па ќе видиме што ќе се случи на Големата награда на Кина. Сепак, она што е најзадоволувачко е што Мерцедес навистина се врати, изјави Волф.
Втората трка од Формула 1 шампионатот сезона 2026 ќе се одржи на 15 март во Шангај, Кина.
Фото: миа