Водата во Сена не е чиста, одложен триатлонот

Mашкиот триатлон натпревар што требаше да се одржи денеска на Олимписките игри (ОИ) во Париз официјално е одложен за утре. Причината за тоа е лошиот квалитет на водата во реката Сена.

Ако се подобри квалитетот  на водата до утре, трката ќе почне веднаш по женската, која е закажана три часа претходно. Но. доколку и утре не се подобри ништо со водата, останува триатлонските трки да бидат презакажани за петок, 2 август.

Според организаторите на ОИ причината за загадувањето на водата се обилните дождови во петокот и во саботата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО