Во Париз ќе настапат две боксерки за кои постои сомневање дека се мажи?

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) одлучи да им дозволи учество на две боксерки на женскиот турнир на Олимписките игри (ИО) во Париз. Тие минатата година беа суспендирани од Светското првенство (СП) бидејќи биолошки се сметаа за мажи!  Тоа се Имане Келиф од Алжир и Лин Ју-Тинг од Тајван.

Келиф и Ју Тинг потоа беа суспендирани со одлука на Меѓународната боксерска федерација (ИБА), која управува со најголемите натпреварувања во овој спорт.

Претседателот на ИБА, Умар Кремлев, тогаш изјави: „ДНК-тестот докажа дека тие имаат XY хромозоми поради што беа исклучени од натпреварувањето“.

Во меѓувреме, односите меѓу ИОК и ИБА се влошија, поради што ИБА беше исклучена од организацијата на боксерски турнири на ОИ кои сега се во надлежност на ИОК, кој донесе поинаква одлука во однос на Келиф и на Ју-Тинг.

Келиф во кариерата има ефект од девет победи и пет порази, а Ју-Тинг од 19 победи и пет порази. По дисквалификацијата на Келиф минатата година, Мексиканката Брианда Тамара го опиша искуството од борбата со неа.

– Кога боксував со неа, бев избезумена. Нејзините тупаници ме повредија многу, мислам дека никогаш не сум се чувствувала така во 13-те години боксување, ниту во спаринзите со мажи. Фала богу што тој ден излегов жива од рингот, и добро е што сите конечно сфатија што се случува, рече таа.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО