Французите веќе имаат два пораза на „своите“ Игри!

Актуелните олимписки победници и домаќини на турнирот, ракометарите на Франција, го забележаа вториот пораз во групата. Актуелните светски прваци, Данците ја постигнаа втората победа.

По поразот од Данска (29:37) во репризата на финалето од Токио, Французите беа поразени и од Норвешка со 22:27. Така, еден од главните претенденти за олимписка титула е на дното од групата без бодови по две кола.

Норвежаните во првото полувреме поводеа со седум гола разлика (14:7), но домаќинот до полувремето намали на -5 (11:16). Во продолжение од средбата Норвешка продолжи со одлична игра и нејзината предност никогаш не беше помала од три гола. На крајот од мечот повторно побегнаа на шест гола (25:19, 26:20), а на крајот триумфираа со 27:22.

Александре Кристоферсен Блонц го предводеше норвешкиот тим со седум гола, а Тобијас Гроендал и Улштад Симен Лисе додадоа по пет. Кај Французите Дика Мем постигна 10 гола, а исто толку одбрани имаше и Винсент Жерар.

Во вториот натпревар од оваа група, Данска го победи Египет со 30:27, забележувајќи ја втората победа.

Данците фуриозно го отворија натпреварот и по првото полувреме водеа со 10 гола разлика (19:9). Во продолжението од мечот Данска го „намали гасот“, па Египќаните на крајот ја намалија негативата на два гола (27:29), а на крајот мечот заврши со победа на Данска од 30:27.

Данска и Норвешка водат во групата со по четири бода, Египет има два, а Унгарија, Аргентина и Франција се без бодови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО