Во комплициран трејд, Партизан загуби важен играч пред почетокот на Евролигата

Според најновите информации, Партизан реши да го пушти Двејн Вашингтон, со цел да игра во НБА.

Вашингтон стана дел од поголем трејд во кој беше вклучен и Ентони Таунс, главно помеѓу Њујорк Никс и Минесота Тимберволвс. Во склоп на овој комплексен договор, Вашингтон е префрлен во Шарлот Хорнетс, кои послужија како неопходен дел за завршување на трансферот на Таунс во Њујорк.

Никси го проследија Вашингтон во Шарлот на кои исто така им беше потребен играч за реализација на трејдот, Таунс од Минесота во Њујорк.

Партизан сега поради заминувањето на Вашингтон, ќе добие милион долари обештетување, што претставува значајна сума за клубот.

Иако Вашингтон е моментално и формално член на Шарлот, се очекува овој клуб да го отпушти, по што би требало да се врати во Партизан.

Меѓутоа, прашање кое останува е колку време ќе биде потребно за целата процедура да се заврши и колку натпревари Вашингтон ќе пропушти, вклучувајки го и претстојниот натпревар во Евролигата против Басконија.

Што се однесува до другите клубови од НБА, Њујорк ги добија Карл Ентони Таунс и право на Џејмс Нанџи, додека Минесота го доби Џулијус Рендл, Донте Дивиченца, Нејт Бејтс и пикот од првата рунда за 2025 година. Шарлот добија три пика од втората рунда, неколку играчи (вклучувајки го и Вашингтон) и 7 милиони и 200 000 долари во кеш.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО