Во Ферари оптимисти сезонава, Васер ја искоментира и предноста на Ред Бул

Шефот на Ферари, Фред Васер, става до знаење дека овогодинешниот болид на Ред Бул, сепак нема така воочлива предност како и минатата сезона, што дава надеж дека Ферари сепак може сезонава да бележи подобри резултати и по некоја победа.

Првиот тркачки викенд од новата сезона покажа она за што се шпекулираше, дека предноста на Ред Бул е стопена кон останатите болиди, но дека сепак, тие се најбрзите.

Во Ферари се задоволни од првичните резултати на почеток од сезоната, па сметаат дека можеле да бидат дури и подобри пред денешната трка.

– Охрабрувачки е тоа што успеавме да имаме констактно темпо за време на целата квалификациска сесија. Според она што го гледаме како првични резултати, ми се чини дека овој Ред Бул нема да ја има предноста која ја имаа претходната сезона. Ќе биде важно да се биде опортунист и да не се губат бодови така лесно како лани, порача ВФасер.

Денешната саботна трка, стартува од 16 00 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО