Во Џенова тријат раце – вистинско богатство ќе им донесе Романецот по преселбата во Тотенхем

Се поголеми се шанси 21-годишниот Раду Драгушин да биде фудбалер на Џенова само шест месеци.

Летово, по успешната позајмица, тој се пресели од Јувентус во Џенова за 5,5 милиони евра, а овој јануари – според италијанскиот трансфер гуру Фабрицио Романо – од Џенова ќе се пресели во Тотенхем за околу 25 милиони евра.

Романо наведува дека романскиот стопер висок 191 сантиметар веќе постигнал договор со „спарс“ околу заработката и бонусите и дека после тоа претставниците на двата клуба нашле заеднички јазик.

Драгушин играше 12 пати за „А“ репрезентацијата на Романија, а оваа сезона ја импресионираше италијанската фудбалска јавност со своите игри во последната одбранбена линија на клубот „Марасие“.

Од летово одигра 21 натпревар, постигна два гола и запиша една асистенција. Можно е последниот натпревар во Серија А да го одигра на 29 декември, кога постигна гол во ремито со Интер на домашен терен (1:1).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО