Во Чикаго Булс наместо во Евролигата

Францускиот кошаркар Гершон Јабуселе кариерата ќе ја продолжи во Чикаго Булс. За негов ангажман беа заинтересирани и екипи од Евролигата. Според американските медиуми Јабуселе го напушти Њујорк Никс во замена за Дилејн Тери.

Вакво нешто можеше и да се очекува особено што Јабуселе немаше минутажа во Њујорк, како што беше во првата сезона во Филаделфија. Францускиот репрезентативец имаше мала минутажа кај тренерот Мајк Браун, а последните три натпревари воопшто и не ги играше.

Екипата на Чикаго направи уште неколку „трејдови“ со други екипи.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО