Денес ФК Вардар одржа прес-конференција за медимите на која беше промовиран новиот тренер Горазд Михајлов и неговиот стручен штаб.
Во истиот на Михајлов ќе му асистираат Маријан Герасимовски како помошник тренер, Теодор Терзиев – кондициски тренер и Бојан Димковски тренер на голманите.
За нов спортски директор е назначен Влатко Колев, поранешен фудбалер на Вардар.
-Ќе има промени во ростерот на екипата. На некои играчи ќе им се заблагодариме, преговараме со неколку имиња и во следниот период ќе бидат објавени новите засилувања. Во наредниот период ќе се обрне внимание и на младинската школа. Ќе има пет играчи родени 2006 годин од нашата школа кон првиот тим на подготовките, изјави Колев.
Стартот на подготовките за продолжение од сезона ФК Вардар ќе го започне утре, а ќе се оди и надвор од државата, но засега не е прецизирано каде.