Влаховиќ за можно заминување: Прво сакам да освојам нешто важно со Јувентус

Напаѓачот Душан Влаховиќ призна дека не е ѕвезда од калибарот на Нејмар или Лионел Меси, но ги истакна своите цели за Јувентус поради извештаите за интерес од Челзи и Пари Сен Жермен.

24-годишниот српски репрезентативец продолжи да импресионира во Торино и покрај неговите борби и честата изолација во шемата на Масимилијано Алегри, постигнувајќи 16 гола во 28 натпревари во Серија А. Влаховиќ има уште две години од актуелниот договор со Јувентус и се поврзува со потенцијален летен трансфер. Неговата иднина зависи и од тоа кој ќе го води гигантот од Торино следната сезона. Во интервју за францускиот весник „Л’Екип“, Србинот зборуваше за битката на Јувентус за пласман во Лигата на шампионите следната година и за трофејот во турнирот во Купот на Италија, каде вечерва ќе ги одмери силите со Лацио во реваншот од полуфиналето на ова натпреварување.

– Би било одлично, се разбира, ако успееме во двата потфати, но не можеме да бидеме целосно задоволни. Таква е психологијата на клубот поради барањата на историјата. Имавме можност да се бориме за титулата. Минатата сезона беше таква бидејќи не бев добар физички и имав потешкотии. Оваа година се чувствувам добро, тоа е единственото нешто што се промени, инаку правам се на ист начин. Работам напорно и концентриран на моето опоравување. Оваа сезона имам 17 гола, вклучувајќи го и Купот на Италија, но можев да направам многу подобро, додаде напаѓачот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО