Душан Влаховиќ минатото лето беше посакуван од неколку екипи, но не беше заинтересиран за нив, па остана во Јувентус.
Сезонава имаше навистина одлични натпревари и неговата цена сигурно скокна за неколку милиони. Тимот од Торино сака по секоја цена да го задржи во своите редови, но последните информации зборуваат за тоа дека тој не сака нов договор.
Од друга страна, Влаховиќ одби и заносна понуда од Саудиска Арабија, затоа што смета дека се уште не е време да се пресели на тој дел од светот.
Засега најголем интерес за овој играч доаѓа од Премиерлигата, а екипите кои го посакуваат во своите редови се Арсенал и Челси.
Во Јувентус наводно се подготвени да се разделат доколку некој искешира 70 милиони евра за услугите на српскиот интернационалец.