Вирџил ван Дајк: Неизвесна е и мојата иднина во Ливерпул

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк признава дека и тој се соочува со неизвесна иднина по шокантната објава на Јирген Клоп во петокот за заминување од клубот на крајот од сезоната.

Ван Дајк во наредниот период очекува „разјаснување“ на ситуацијата со неговиот договор што му истекува во јуни 2025-та, додавајќи и оти е „многу љубопитен“ како клупските челници ќе се справат со целата ситуација по заминувањето на Клоп, посебно околу неговата замена.

Клоп го направи Ван Дајк клупско рекордно засилување од 75 милиони фунти кога го ангажираше од Саутемптон во јануари 2018 година. Клоп му ја врачи и капитенската лентата по заминувањето на Џордан Хендерсон во јули.

– Дали ќе бидам дел од новата ера на Ливерпул? Тоа е големо прашање. Не знам. Ми останаа уште осумнаесет месеци од договорот. Клубот го очекува голема работа и многу ме интересира во која насока ќе се движи, вели Ван Дајк.

Тој беше првиот играч на Ливерпул кој излезе во јавноста со реакција на одлуката на Клоп за заминување.

– Можеме секоја недела да зборуваме за тоа што ќе се случува следната година, но тоа не не’ интересира многу. Треба да се фокусираме на завршување на работата и да ги правиме работите како досега што е полесно да се каже отколку да се направи. Сега се’ уште е исто, на крајот од сезоната ќе се случуваат различни работи, но тоа клубот треба да го среди, вели Ван Дајк.

Ван Дајк е уверен дека на тимот му требаат „совршени настапи“ за да ја задржи предноста од пет бода на врвот во Премиер лигата.

– Никогаш не сум играл лесен натпревар против Челси. Тоа секогаш се тешки натпревари од многу причини. Тие имаат млад состав што се обидува да ја најде најдобрата формација за што е потребно време. Имаат и многу добар менаџер и според мене ќе биде многу тешко во среда, истакнува Ван Дајк.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО