Вињалес најбрз на спринт трката во Остин

Возачот на Априлија, Маверик Вињалес, триумфираше на спринт трката што се возеше како дел од Големата награда на Америка, трета во календарот во Мото ГП шампионатот.

Вињалес ја забележа втората победа во спринт во низа, откако пред три недели во Португалија се најде на највисокото скалило на подиумот.

Шпанецот победи со повеќе од две секунди предност над најдоминантниот возач во историјата на Остин, Марк Маркез на Гресини Дукати. На Вињалес и Маркез на подиумот им се придружи Хорхе Мартин со Прамак Дукати.

По стартот од пол-позицијата, Вињалес беше апсолутно доминантен во Тексас, Маркез беше најблиску до него од стартот, во поголемиот дел од трката беше предизвикан од Педро Акоста од Гас Гас, но единствениот дебитант во кралската класа пропушти неколку можности да го претекне славниот Шпанец, па накрајот го загуби третото место.

На пет круга пред крајот Мартин го претекна Акоста, а тој момент Маркез го искористи за да си ја обезбеди втората позиција. Осумкратниот светски шампион ја мина целта две секунди пред возачот Прамак, кој беше исто толку пред Акоста, кој мораше да се задоволи со четвртата позиција.

Најдобрите четворица го следеше Алеиш Еспаргаро во втората Априлија, а зад него беа Енеа Бастианини на Дукати, Џек Милер од КТМ Рејсинг и актуелниот шампион Франческо Бањаја, кој имаше ужасен старт. Последниот поен го освои возачот на Трекхаус Раул Фернандес, додека првите десет ги комплетираае Франко Морбидели на Прамак Дукати.

Во генералниот поредок води Мартин со 67 поени, 24 повеќе од Бастианини, додека трет е Биндер со 42 поени.

Големата награда на Америка во кралската класа се вози во недела со почеток во 21 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО