Вилјареал во Португалија ја најде замената за Јоргенсен

По заминувањето на Филип Јоргенсен во Челси, Вилјареал најде нов голман. Станува збор за Луиз Жуниор, до неодамна голманот на португалскиот Фамаликао.

Овој Бразилец има 23 години, а во минатите три сезони беше стандарден на голот на португалскиот прволигаш. Тој потпиша шестгодишен договор со Вилјареал, а вредноста на трансферот е 10 милиони фунти.

Како потсетување, шпанскиот клуб неодамна го продаде 22-годишниот Филип Јоргенсен на Челси за 20,7 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО