(Видео) Жоао Педро во 95.минута го нокаутира Манчестер јунајтед

Брајтон го победи Манчестер јунајтед со 2:1, во првиот натпревар од второто коло во Премиер лигата. „Галебите“ беа подобриот тим во текот на целиот натпревар, се извлекоа од незгодна ситуација поради глуписта на Зиркзе, а потоа во 95.минута Жоао Педро го нокаутираше Јунајтед.

Брајтон поведе со 100. гол во премиер лигаташката кариера на Дани Велбек во 32.минута. На стартот од вториот дел, Дало од гол линијата интервенираше по ударот на Милнер, а гредата го спречи Велбек да го постигне вториот гол.

Откако Брајтон не ги искористи своите шанси, Дало со помош на Ван Хеке го совлада Стил, во 60.минута. Десет минути подоцна, Јунајтед постигна гол, кој беше поништен поради офсајд. По ударот на Гарначо на патот кон голот топката го удри Зиркзе кој беше во офсајд.

На крајот шок за Јунајтед, по центаршутот на Адинга, сам пред Онана остана Жоао Педро кој погоди за победа на Брајтон.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО