Трагични вести доаѓаат од Гвинеја. По фудбалски натпревар во Н’Зерекоре, вториот по големина град во земјата, избиле навивачки конфликти кои резултираа со околу 100-на смртни случаи, пишува Дејли Мејл, повикувајќи се на непроверени извори.
📌💔🇬🇳GUINEE- N’ZEREKORÉ
Tournoi doté du trophée Général Mamadi Doumbouya : une histoire de triche vire à la tr@gédie
La finale du tournoi de la refondation dotée du trophée Président général Mamadi Doumbouya qui a opposé N’zérékoré à Labé a viré au drame ce dimanche.
Des… pic.twitter.com/KfXi86nnvx
— Abdourahmane ba (@Abdou5964) December 1, 2024
Нередите почнале на натпреварот меѓу Н’Зокоре и Лабе, кога двајца фудбалери на Лабе добиле црвени картони, а еден од министрите побарал еден да биде поништен. Потоа бил досуден пенал за Лабе, што ги разжештило навивачите, кои почнале да фрлаат камења, на што полицијата возвратила со солзавец.
Les corps sans vies des guinéens lors d’un tournoi de foot organisé à N’zerekore au nom du chef de la junte militaire au pouvoir ( le Général Mamadi doumbouya) en #Guinee
TOUT ÇA POUR FAIRE PLAISIR À UN SEUL HOMME 🤦🏽♂️😭#TL224 #Kibaro pic.twitter.com/Yj5FY8UqR8
— MALICK SYLLA (@SyllaPoutine) December 1, 2024
Куп мечот се играл во чест на гвинејскиот генерал Мамади Думбуја, кој ја презеде власта со државен удар во 2021 година и потоа сам се постави за претседател.
Потоа судирите се прелеале на улиците на западноафриканскиот град. Очигледно, меѓу навивачите имало и голем број антивладини демонстранти, бидејќи Дејли мејл пишува дека на улицата биле забележани низа вандалски акти, а била запалена и полициска станица.
Се уште нема официјална потврда за точниот број на загинати, но се шпекулира дека бројката надминала 100, меѓу кои имало и голем број малолетници.
🚨Nzérékoré : le bilan s’alourdit
Selon plusieurs sources médiatiques, plus de 30 morts après le drame du Tournoi de la Refondation. Une tragédie nationale.
📸 @FacelyKonate1 pic.twitter.com/xWianxCTSd
— 𝗖𝗵𝗲𝗿𝗶𝗳 𝗦𝗮𝗺𝗮𝗻𝘁𝗮𝗻 𝗦𝗼𝘄 (@Cherifsow3) December 1, 2024
Локален лекар, кој сакаше да остане анонимен, рекол дека „во болницата телата се наредени до каде што може да види, други лежат по ходниците, а мртовечницата е полна“.
Drame à N’zérekoré Au sud de la République de Guinée 🇬🇳🇬🇳.
Un tournoi de soutien à la junte du CNRD qui tourne mal 😢😭😥
Toutes mes condoléances. pic.twitter.com/rQKlGzJdLc— Ramadan Bah🇬🇳 (@Ramadan6395) December 1, 2024