Катарскиот портал Ал Раја тврди дека хрватскиот селектор, Златко Далиќ постигнал договор со репрезентацијата на Катар.
Споменатиот извор тврди дека Далиќ ќе го замени досегашниот селектор Феликс Санчез Лопез и веднаш ќе почне со работа, бидејќи катарската репрезентација овој месец ја очекува Голф купот што се игра во Кувајт.
Далиќ има договор со ФС на Хрватска до летото 2026 година и треба да ја предводи репрезентацијата во завршницата на Лигата на нации (ЛН), во квалификациите за СП 2026 година и на Мундијалот во Северна Америка, доколку Хрватска се пласира. Катарците тврдат дека се’ е договорено и оти наскоро ќе биде објавена целата зделка.
Далиќ ја презеде Хрватска во октомври 2017-та. Репрезентацијата ја водеше на 93 меча и оствари 50 победи, 19 ремија и 24 порази. Освои сребро и бронза на СП 2018 и 2022-та, и сребро во ЛН. Во кариерате ги предводеше и Риека, Динамо, Славен Белупо, Ал-Фајсали, Ал-Хилал (до-23), Ал Хилал и Ал-Аин.
За време на мандатот во репрезентацијата на Хрватска, Далиќ веќе имаше богата понуда. Тој пред шест години откри дека клуб од Кина го контактирал со понуда од 24 милиони евра за три сезони, но тој ја одбил.