(Видео) Винисиус Жуниор ќе добие жестока казна

Винисиус Жуниор падна на провокацијата од Столе Димитиревски, доби црвен картон во дрматичната победа на Реал во Валенсија (2:1) и сега се соочува со жестока казна.

Реал на „Месталја“ од 79. минута играше со играч помалку поради неспортски потег на Винисиус Жуниор, кога одзади го удри во глава голманот на домаќините Столе Димитриевски.

Не е спорно дека Бразилецот беше испровоциран, но тоа не го оправдува неговиот потег. Го удри во главата голманот на Валенсија и заслужено доби директен црвен картон.

 

Ден по натпреварот, во Шпанија се шират шпекулации за тоа колкава суспензија ќе добие Бразилецот, бидејќи според правилата на Ла Лига, казната треба да биде многу строга.

Имено, како што е наведено во дисциплинскиот правилник, ваков прекршок се казнува со суспензија од најмалку четири натпревари и најмногу до 12 натпревари.

На играчот на Реал Мадрид ни најмалку не му помага тоа што откако му беше покажан црвениот картон, за малку физички го нападна судијата Цезар Сото Градо.

 

Додека се чека одлуката на дисциплинската комисија, олеснителна околност за него и за Реал е што дел од суспензијата ќе одработи во Купот на Кралот (6. јануари против нисколигашот Депортиво Минера), и во шпанскиот Суперкуп во полуфиналето против Мајорка (9. јануари), или во евентуалното финале три дена подоцна против Барселона или Атлетик Билбао..

Следниот натпревар во првенството, Реал ќе го одигра дома на 19. јануари против Лас Палмас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО