(ВИДЕО) Томас Милер повеќе нема да игра за германската репрезентација

Германскиот фудбалер, Томас Милер (34), победникот на Светското првенство (СП) 2014 година во Бразил и ѕвезда на Баерн Минхен, објави дека се повлекува од репрезентацијата.

– По 131 меѓународен натпревар и 45 гола, денеска се збогувам со германската репрезентација, објави тој во видеото на социјалните мрежи.

Последниот натпревар на Милер за репрезентацијата беше во четвртфиналето на домашното Европско првенство (ЕП), кога Шпанија со голот на Микел Мерино во 119. минута ја елиминира Германија.


Милер првпат го облече дресот на германската селекција во март 2010 година и оттогаш настапи на четири СП и на четири ЕП. Со 131 репрезентативен настап тој е на третото место на вечната листа, зад Лотар Матеус (150) и Мирослав Клосе (137 меча).

Од германската репрезентација по поразот во четвртфиналето се прости и играчот од средниот ред, Тони Крос кој уште пред ЕП најави крај на кариерата. Голманот Мануел Нојер (38) наводно, исто така размислува да престане со настапите за репрезентацијата, но се’ уште не донел конечна одлука.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО