Дека на македонскиот фудбал не му цветаат рози е добро познато, а тоа се отсликува најпрвин и на резултатски план на репрезентациите, како младинските, така и сениорската.
Потоа и на резултатите на македонските екипи во меѓународните план, а пред се горлив проблем е и инфраструктурата.
Во изминатите неколку години згаснаа низа клубови, меѓу кои и Победа Валандов, некогашниот второлигаш.
Па така стадионот на овој клуб сега го „одржава“ стадо овци кое пасе под надзор на овчарот.