Мајк Тајсон (58) минатиот месец го имаше првиот професионален меч по речиси 20 години пауза. Но, колку и да воодушевуваше пред борбата со фантастичната форма и физичка трансформација на тренинзите, разочара во рингот со непрепознатливо очајниот настап. Џејк Пол (27), Јутјубер и инфлуенсер, по осум рунди со одлука на судиите го победи Тајсон.
Еден од најдобрите боксери на сите времиња сега откри: „Всушност не се сеќавам на борбата. Бев малку во несвест. Се сеќавам на почетокот на втората рунда, Џејк правеше нешто…(Пол тогаш му се наклони на Тајсон), не сфатив што беше значеше тоа точно. Тоа е последниот настан од борбата на кој се сеќавам“.
Тајсон додава кои се неговите единствени сеќавања од борбата: “Не паметам колку беа силни ударите на Џејк. Но, целото тело ме болеше по борбата. Градите ми беа многу воспалени, чувствував болка и во стомакот. И кажав на жена ми кога се разбудив утрото по мечот: „Зошто се тепав? Не знам што се случуваше по ѓаволите“.
Инаку, борбата требаше да се одржи во јуни, но Тајсон ја одложи. По мечот со Пол, тој откри зошто: „За малку ќе умрев во јуни. Имав осум трансфузии на крв. Во болница ја загубив половината крв, и 11 килограми. Значи морав да се изборам да бидам здрав за борбата, па така излегува дека сум победник и покрај поразот“.