(ВИДЕО) Шоу на О’Нил и Дончиќ: Шек „пееше“ хрватски хит, Словенецот се смееше

Лука Дончиќ, словенечката суперѕвезда на НБА лигата, е голем љубител на музиката од просторите на поранешна Југославија, и честопати слуша хрватски и српски хитови.

Во НБА вообичаена практика е играчите да составуваат свои листи на песни што ќе се слушаат во салата пред домашните натпревари, а тоа е случај и во Далас на Дончиќ.

Во пресрет на третиот натпревар од финалето на Западната конференција против Минесота, диџејот во салата на Маверикс, очигледно на барање на Дончиќ, го пушти хитот на хрватската група Е.Т. „Празен стан“. Осен на Дончиќ песната му се допадна и на легендарниот Шекил О’Нил.

Додека Дончиќ се загреваше, во салата во Далас ечеше „Празен стан, а ние сме двајца. Твоето тело, моето. Можеби би можеле. Слушај ги старите песни. Прави што не треба. Чекај ја зората на љубовта… “.

О’Нил, кој е стручен коментатор и чии миленици се Јокиќ и Дончиќ, се обидува да проговори на нивниот јазик, проба да „фати“ нешто од зборовите во песната. Тешко дека многу разбрал, но ако ништо друго успеа да го насмее Дончиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО