Европскиот и шпански првак, Реал Мадрид со победа над Челси од 2:1, во Шарлот, ја заврши американската турнеја. Лукас Васкез погоди за 1:0 во 19. минута, Брахим Дијаз во 27. минута за 2:0, додека Нони Мадуеке намали на 1:2 во 39. минута.
Карло Анчелоти го предводеше комбинираниот тим предводен од капитенот, Лука Модриќ кој уште еднаш покажа дека годините се само бројка и оти тоа што наскоро ќе наполни 39 години не значи ништо.
Тој имаше девет долги „пасови“ и имаше само едно погрешно додавање. Забележа две клучни додавања и брилијантно реагираше во дефанзивниот дел кога во четири од петте дуели излезе како победник. Шест пати ја враќаше топката во посед на Реал, а три пати им ја „украде“ на играчите на Челси.
Играчите вредни и по стотици милиони евра изгледаа смешно покрај маестралниот Модриќ. Колку Лука ги воодушеви присутните покажа моментот во 82. минута кога беше заменет.
Кога ја напушташе играта, повеќе од 70.000 навивачи станаа и го поздравија со овации додека му ја предаваше капитенската лента на Васкез, стрелецот на првиот гол.
La ovación de todo el estadio a Luka Modric.
LEYENDA ♥️ https://t.co/HoisXslBvL
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) August 7, 2024
Американската турнеја ја заврши и Барселона. Каталонците на крајот одиграа 2:2 со италијанскиот гигант Милан, откако ремизираа со Манчестер сити и го совладаа Реал Мадрид.
Милан подобро го „отвори“ натпреварот, поведе со 2:0 веќе во 15. минута. Најпрвин Лука Јовиќ ја затресе мрежата во 10. минута, а потоа Кристијан Пулишиќ пет минути подоцна зголеми на 2:0.
На Барса не и требаше многу време да се опорави од шокот, Левандовски брзо се активираше. Полскиот напаѓач намали на 1:2 во 22. минута , а потоа во 58. минута го постигна вториот гол на натпреварот, за 2:2. На крајот победникот беше решен по изведување пенали, а тука повеќе среќа имаше Милан кој победи со 4:3.