Реал Мадрид синоќа ја совлада Селта Виго со 4:0, во 28. коло на шпанската Ла лига. За „кралевите“ тоа беше 22-ри првенствен натпревар по ред без пораз! Последен пат Реал загуби меч во Ла лига пред речиси пет месеци, на 24 септември, од Атлетико Мадрид 1:3.
Во текот на следните 22 натпревари, Реал Мадрид ги победи Лас Палмас (2:0, 2:1), Џирона (3:0, 4:0), Осасуна (4:0), Барселона (2:1), Валенсија (5:1), Кадиз (3:0), Гранада (2:0), Вилјареал (4:1), Алавес (1:0), Мајорка (1:0), Хетафе (2:0), Севилја (1:0) и Селта Виго (4:0).
Тимот на Карло Анчелоти ремизираше со Севилја (1:1), Рајо Валјекано (0:0, 1:1), Бетис (1:1), Атлетико Мадрид (1:1) и Валенсија (2:2).
Реал Мадрид е водечки во шпанското првенство со 69 поени, пред Џирона која има 62 и Барселона со 61 бод.
Турскиот тинејџер Арда Ѓулер (19) го постигна првиот гол во кариерата за Реал, а одличен натпревар одигра ветеранот, Хрватот Лука Модриќ (38) кој се врати во стартниот тим на Реал по трите меча минати на клупата.
Тој имаше удел при постигнување на два гола, а на крајот беше прогласен и за играч на натпреварот. На социјалните мрежи се споделува видеото од ситуацијата во која тој мајсторски се ослободува од 15- години помладиот чувар, Ману Санчез.
— Ele (@EleModric) March 10, 2024