Речиси еден час и требаше на полицијата да уапси маскиран маж кој се качи на покривната конструкција на стадионот во Дортмунд, на натпреварот меѓу Германија и Данска.
Според полицијата, 21-годишникот од Оснабрик (град во близина на Дортмунд) се качил на (пот)покривот за време на натпреварот, и одбивал да се симне.
Почетокот на второто полувреме беше одложен поради полициската акција која се одвиваше на вртоглави височини и со помош на хеликоптер кој го осветли осомничениот за да можат органите на редот да го следат.
Можеше јасно да се види како судијата Мајкл Оливер покажува кон покривот додека разговараше со двајцата капитени, Илкај Гундоган и Каспер Шмајхел. Дури по крајот на мечот, точно 57 минути откако маскираниот маж бил забележан каде што не треба, полицијата го уапсила.
Полицијата во Дортмунд соопшти дека 21-годишникот од ОснабрИк, во северозападна Германија, носел камера во својот ранец. Тие рекоа дека „во ниту еден момент немало опасност за другите луѓе на стадионот“ и дека „во моментов ја исклучуваат политичката мотивација“.
– Првичните истраги открија дека човекот сакал да фотографира истакнати згради на големи височини во Херне во април 2022 година и во Улм во мај 2024 година. За време на испрашувањето во полиција во неделата вечерта, човекот од Оснабрук изјавил дека сака само да направи „добри фотографии“ соопшти германската полиција.
A man was ARRESTED after climbing up to the top of the stadium after Germany vs Denmark…
WOW. 🤯 pic.twitter.com/1O4dJiPQaK
— Mail Sport (@MailSport) June 29, 2024