(ВИДЕО) Почетничка грешка на голманот на Барселона

Барселона на домашен терен ја совлада Валенсија со 4:2, во 33. коло од Ла лига и по оваа победа има 73 бода, два повеќе од третопласираната Џирона, додека Реал Мадрид е убедлив лидер со 84 бода.

Јунак на Барселона на дуелот со Валенсија беше напаѓачот Роберт Левандовски, кој постигна хет-трик со головите во 49, 82 и 93 минута. Преостанатиот гол го даде на Фермин Лопез во 22 минута.

Во 27 минута беше видена една од најбизарните грешки на натпреварот. Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген сакаше се покаже фраер, но прописно се посрамоти.


Тер Штеген можеше да ја шутне топката и да ја отстрани опасноста излегувајќи далеку од гол-линијата, но се обиде да му „продаде“ една финта на Дуро. Но на германскиот голман не му успеа намерата и ја загуби топката, а Дуро без поголеми проблеми ја смести во празната мрежа за израмнување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО