(ВИДЕО) Освои злато, доби милион долари и бик како награда!

Пакистанецот, Аршад Надим направи вистинска сензација на Олимписките игри (ОИ) во фрлање копје, и на патот до златниот медал го собори и олимпискиот рекорд со 92,97 метри! За големиот успех тој беше богато награден во својата земја.

На Надим му беше приреден спектакуларен пречек, бидејќи целата нација беше воодушевена од неговиот успех. Тој за освојувањето на златниот медал во Париз ќе добие 250 милиони рупии, или 897.000 американски долари.


Пакистанскиот премиер, Шехбаз Шариф на церемонијата во чест на Надим објави дека ќе му бидат доделени 150 милиони рупии (538.000 долари), додека премиерот на провинцијата Пенџаб, Мерјам Наваз, претходно објави награда од 100 милиони рупии (359.000 долари).

Покрај тоа, тој доби и автомобил со специјална регистерска табличка „ПАК 92,97“, во знак на должината на Игрите (92,97 метри) и соборениот олимписки рекорд.


Необичен подарок, бик, во знак на почит, добил од таткото на сопругата!


Надим го освои првиот олимписки златен медал за Пакистан по пауза од 40 години, по машката репрезентација во хокеј на трева на ОИ во Лос Анџелес 1984 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО