(ВИДЕО) Ослабената Србија му одолеа на европскиот шампион, Јовиќ се посрамоти!

Репрезентацијата на Србија одигра нерешено 0:0, против фаворизираната Шпанија во натпреварот од 1.коло од А4 групата во Лигата на нации (ЛН) во Белград.

Србија во чии редови недостигаа неколку стандардни првотомци, одлично го почна натпреварот, беше добро организирана во одбранбениот блок и опасно се закануваше во контранападите.

Бодот добива особено значење ако се знае дека Србија на овој меч настапи без Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Немања Максимовиќ, Милош Вељковиќ, Милан Алексиќ и Алекса Терзиќ

Шпанија имаше многу поголем посед на топката, но освен неколку удари од далечина, „црвената фурија“ немаше изгледни шанси за гол.

Во една конгра на Србија, во 34-та минута, просто неверојатно е што промаши Лука Јовиќ.


Во вториот натпревар од оваа група Данска ја совлада Швајцарија со 2:0. Во следното коло Србија в недела ќе и гостува на Данска во Копенхаген, а Швајцарија ја пречекува Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО