Денвер нагетс ноќеска ги совлада Минесота тимбервулфс со 116:107, а најдобар играч на натпреварот беше центарот на Денвер, Никола Јокиќ кој постигна 41 поен, имаше 11 скока и седум асистенции.
Со тие седум асистенции, Јокиќ стигна до бројката 4.650 во НБА кариерата, надминувајќи го легендарниот Вилт Чембрлен (4.643) и стана вториот најдобар асистент меѓу центрите во историјата на најдобрата кошаркарска лига во светот. Пред него е само Карим Абдул Џабар со 5.660 асистенции.
Денвер го продолжува патот кон плеј-офот и одбраната на шампионската титула со скор од 56:24. Минесота е со скор 55:25.