Капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ испиша нова историја во НБА лигата. Претходната ноќ тој одигра многу солиден меч во победата на Атланта над Милвоки (119:104) и на тој натпревар успеа да стигне до петтото место на вечната листа на постигнати тројки во серија.
Богдановиќ на 99-от натпревар по ред постигна барем една тројка, со што се израмни со Џордан Кларксон. Следна цел пред него е Кајл Корвер со 127 натпревари. На третото место е Демиен Лилард со 150.
Неприкосновен е Стеф Кари, кој е на првото и на второто место. Неговиот „послаб“ рекорд е 157 натпревари, а верувале или не, неговата најдолга серија траеше 268 натпревари!
⚠️ This was a pass ⚠️ pic.twitter.com/lFGyd1A0XK
— Atlanta HaWWWWWks (@ATLHawks) December 5, 2024
Против Милвоки, Богдановиќ реализираше 3/5 тројки, даде вкупно 15 поени, плус два скока и пет асистенции. Она што речиси неверојатно е тоа дека Богдановиќ имаше и пет украдени топки, што е негов рекорд во кариерата.
Резултати:
Бостон – Детроит 130:120
Бруклин – Индијана 99:90
Мајами – ЛА Лејкерс 134:93
Филаделфија – Орландо 102:106
Милвоки – Атланта 104:119
ЛА. Клиперс – Минесота 80:108