(ВИДЕО) Морничави сцени во Израел: Хулигани влегле на теренот со стапови и почнале жестока тепачка!

Неверојатни сцени биле видени на натпреварот од израелското првенство меѓу Хапоел Бер Шева и Бнеи Сахнин, кога хулигани влегле на теренот и почнале жестока и крвава пресметка.

Вооружени со шипки, стапови, мотки и други предмети, хулиганите од Хапоел почнале да трчаат кон спротивната страна на стадионот каде што биле навивачите на Сахнин. Фудбалерите успеале да побегнат од теренот, по што уследила жестока тепачка во која многу навивачи биле раскрварени и лежеле на тревата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Správce3 (@hooligans_cz)


Неофицијално, како причина на тепачката, на навивачките форуми се споделува информација дека навивачите на Бнеи Сахнин ја навредувале химната на Израел, што симпатизерите на Хапоел не сакале да им го простат!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО