(ВИДЕО) Македонија загуби од Унгарија и се прости од ЕП

Македонија загуби од Унгарија со 19:29 (10:11) во третиот меч од групата А и е елиминирана од 16.Европско првенство (ЕП) во ракомет за жени.

Македонските ракометарки кои на минатиот меч ремизираа со Турција во саботата (25:25), одиграа одлично во првиот дел, водеа до 23-та минута и на полувремето заминаа со негатива од само еден гол.

Тоа прво полувреме против Унгарија во Дебрецен, беше најдоброто од Македонија на ЕП, но младоста и недостигот на искуство се покажаа во второто полувреме, кога до израз дојде квалитетот и поголемиот избор на квалитетни ракометарки на Унгарија.


Македонија, покрај Фарските Острови, е најмладата екипа на ЕП со просечна возраст од само 23,1 година и четири тинејџерки во составот што е добра најава за во иднина. За споредба просечната возраст на Унгарките е 26 години за Унгарија.

Мечот против Унгарија беше последен за Елена Ѓорѓиевска во дресот на македонската репрезентација, бидејќи искусниот десен бек се повлекува од меѓународниот ракомет.

Претходно Шведска ја совлада Турција со 47:19. Швеѓанките постигнаа најмногу голови во нивната историја на ЕП и ја забележаа најголема победа на завршниот турнир.

Во првиот меч на ЕП, Македонија загуби од Шведска, 18:28.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО