Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Нотингем Форест со 3:2 во 37-то коло од Премиер лигата.
Со победата над Форест, Јунајтед го обезбеди третото место на табелата на крајот од сезоната, додека овој пораз нема никакво влијание врз на гостите од Нотингем.
Домашниот тим поведе во петтата минута преку Шо, гостите израмнија во 53-та минута преку Морато.
„Олд Трафод“ повторно се радуваше во 55-та минута, а потоа и во 76-та, кога Куња и Мбуемо го доведоа домашниот тим до навидум недостижни +2. Бруно Фернандеш му асистираше на Мбеумо за третиот гол.
Тоа беше 20-та асистенција на капитенот на Јунајтед оваа сезона, го изедначи рекордот што го држеа Кевин де Брујне и Тиери Анри.
Сепак, во 78-та минута, Гибс-Вајт го постигна вториот гол за гостите и внезе неизвесност во натпреварот.
До крајот на натпреварот, сепак, немаше гол за израмнување и Јунајтед забележа заслужена победа, четврта во последните пет натпревари.
Foto: EPA