Иман Келиф, освојувачка на олимпиското злато во бокс за Алжир на Олимписките игри (ОИ) во Париз, на Инстаграм покажа како изгледа надвор од рингот. За време на олимпискиот турнир, но и пред него, таа беше главна тема бидејќи ја обвинуваа дека е маж!
Келиф беше една од двете боксерки во центарот на родовата контроверзност на ОИ во Париз, а турнирот го заврши со златен медал во категоријата до 66 килограми. Во финалето таа со едногласна одлука ја победи Кинеската, Лиу Јанг.
На ОИ таа привлече големо внимание во јавноста. Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и дозволи да се натпреварува во женска конкуренција, иако минатата година ѝ беше забрането да се натпреварува на Светското првенство од Интернациопналната боксерска асоцијација (ИБА), како и златната медалистка во перо категорија, Лин Ју-Тинг од Тајван.
Тоа беше направено со образложение дека ДНК тестовите докажале дека имаат XY хромозоми и вишок тестостерон. Поради ова, многумина ја обвинуваат дека всушност е маж.
Но, со оглед на тоа што ИБА не го организираше олимпискиот боксерски настан во Париз, ИОК потврди дека двете коксерки можат да се натпреваруваат според помалку строгите правила за подобност по пол кои беа во сила за Игрите во Токио во 2021 година.
Она што не беше спорно на претходните Игри стана контроверзно. За многумина стана сомнително како е можно Келиф да се натпреварува на женски турнир.
Многу е напишано за нееднаквоста во односот меѓу неа и нејзините ривалки, притоа заборавајќи на две работи. Таа веќе настапи на ОИ во Токио, каде што по победата во првиот меч беше поразена во четвртфиналната борба.
Зад неа се и професионалните борби со сооднос кој не влева страв во коските. Таа нема изгубено борба од 2022 година, но има изгубено вкупно девет.
Сега, по пауза од неколку дена откако стана херој на Алжир, Келиф ја покажа другата страна, онаа надвор од боксерскиот свет. На нејзиниот Инстаграм профил се појави видеото кое го проследија 2,1 милиони луѓе.