(ВИДЕО) Холандски хулигани нападнале навивачи на Англија во Дортмунд

Пред синоќешниот полуфинален натпревар на ЕП меѓу Англија и Холандија дошло до „блиска средба“ меѓу навивачите на двете репрезентации во едно кафуле во Дортмунд. Летале чаши, стаклени шишиња, па дури и столици, а најжестоките навивачи физички се судриле.

Уличната тепачка се претворила во тотален хаос, се’ додека навивачите на Англија не се повлекле во барот бидејќи Холанѓаните почнале да фрлаат со шишиња по нив.

Според првичните информации, по серијата напади, петмина англиски навивачи биле повредени. Холандските хулигани, наводно, се појавиле од „никаде“ во близина на баровите каде што претходно мирољубивите Британци се освежуле со пијалоци.

Полицијата соопшти дека претходно биле предупредена за групи агресивни холандски навивачи кои патувале со единствена цел да направат проблеми пред полуфиналето на ЕП.

Снимките од судирите како шумски пожар се прошириле на платформата Х, порано Твитер, при што еден корисник напишал: „Еве, почнува во Дортмунд“.

Ова е уште еден во низата навивачки инциденти кои се случија на ЕП, во Берлин, Гелзенкирхен, Хамбург и во Дортмунд.

Dutch fans attacking a pub full of English fans
byu/Zoomer_Boomer2003 insoccer

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО