Возачот на Вилијамс, Логан Серџент имаше инцидент на патеката на последниот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Холандија во Формула 1 шампионатот.
Ова не е прв инцидент за Американецот. Тој предизвика црвено знаме откако излета од патеката и целосно му го уништи автомобилот.
Сарџент не успеа да го искотролира својот болид на влажната патека, се изврте и со задниот дел удри во заштитната ограда. Во еден момент болидот се запали, но редарите брзо реагираа и спречиле поголем проблем.
За среќа Сарџент не е повреден.