(Видео) Голманот на Канада при изведувањето на пенали на колегата му го криеше шишето

Репрезентацијата на Уругвај го освои третото место на Копа Америка. Во малото финале, Уругвај на пенали ја победи Канада со 4:3 (2:2, 1:1).

Сепак, еден детал од пенал серијата привлече големо внимание, а во центарот на скандалот беше канадскиот голман Дејн Сент Клер.

Откако заврши првата рунда и двајцата изведувачи постигнаа голови, судијата од Венецуела притрча до канадскиот голман и му покажа жолт картон.

На почетокот не беше јасно зошто го направи тоа, но следното видео објасни сè.

Во моментите кога канадскиот играч го изведе пеналот и сите погледи беа свртени кон него, Сент Клер се обиде да го скрие шишето со вода на ривалскиот голман Серхио Роша.

Сепак, ниту овој мал трик не им помогна на Канаѓаните, бидејќи заработи жолт картон, а Роша го одбрани ударот на Исмаил Коне во третата серија, потоа во петтата капитенот Алфонсо Дејвис се обиде со паненка, но неговиот удар заврши во гредата.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО